Денеска „езерско дерби“ за охридските ракометари во 1/4 финалето на ракометниот Куп на Македонија

Денеска „езерско дерби“ за охридските ракометари во 1/4 финалето на ракометниот Куп на Македонија

Охрид, 31. март 2021 (ИНПРЕС) – Ракометарите на Охрид денес ги очекува „езерско дерби“ во „Билјанини извори“ во рамки на четвртфиналната фаза во ракометниот Куп на Македонија.

Согласно ждрепката „гладијаторите“ дома од 17:00 часот ќе ги пречекаат стружани. Во рамки на групата Г ќе се сретнат и екипите на Бутел Скопје и Јуниор КВ. Финалниот натпревар во групата е закажан за четврток од 17:00 часот во Скопје.

– На натпреварот со Пролет докажавме дека може да играме против секоја екипа, победата од саботата ни ја врати самодовербата после двата порази на почетокот од плејофот. Се подготвувавме за „езерското дерби“ и мислам дека нема да имаме проблем, се подготвуваме и за РК Бутел Скопје и се надевам на влез во полуфинале. Ајде да кажам дека сме „благи“ фаворити против Струга, вели пред денешниот меч Филип Кривокапиќ.

В среда „езерско дерби“ во 1/4 финалето на ракометниот Куп на Македонија

ГРК Охрид ќе гостува во Струга и во рамки на шестото коло од плејофот во Супер лигата. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива