Кривична пријава за битолчанец кој на Facebook поттикнувал омраза и етничка нетрпеливост

Кривична пријава за битолчанец кој на Facebook поттикнувал омраза и етничка нетрпеливост

Охрид, 31. март 2021 (InPress) – Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски ситем“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 22-годишниот Р.М. од Битола.

– Тој, на 21-ви февруари 2021 година, по објавен текст на охридски електронски весник, од својот Facebook профил, напишал коментар со кој поттикнувал омраза и етничка нетрпеливост, расна дискриминација, омаловажување, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива