„Гладијаторите“ против Бутел за пласман на Ф4 во Купот на Македонија

„Гладијаторите“ против Бутел за пласман на Ф4 во Купот на Македонија

Охрид, 1. април 2021 (ИНПРЕС) – Охридските ракометари ја совладаа екипата на Струга со 22-17 во првата рунда од четвртфиналната фаза во ракометниот Куп на Македонија.

Со ова си обезбедија „карта“ за Скопје, па попладне од 17:00 часот ќе се сретнат со екипата на Бутел Скопје, која пак вчера се покажа подобра, совладувајќи го Јуниор Кисела Вода со 32-26.

Победникот од денешниот дуел ќе обезбеди пласман на завршниот фајнл фор. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ГРК Охрид