Белград, 5. април 2021 (ИНПРЕС) – Угостителите во Белград го поздравуваат олеснувањето на мерките, откако денеска беа отворени летните тераси на кафулињата.
Угостителите ги извадија масите и столовите, а обезбедија и ќебиња поради ниските утрински температури, пишува „Блиц“.
Граѓаните сакаа да го испијат првото утринско кафе во омиленото кафуле, па првите гости пристигнаа околу 8 часот.
Од утрово, во 6 часот стапија на сила нови олеснителни мерки против коронавирусот, со што на угостителите ќе им биде дозволено да работат на отворено до 22:00 часот, со почитување на сите епидемиолошки мерки.
Максимум пет лица можат да седат на иста маса, со задолжително растојание од два метра меѓу масите. Забрането е изведување на сценска музичка програма, односно музика во живо на летните тераси. Трговските центри остануваат затворени до ново известување, како и кафулињата и рестораните кои немаат отворен простор. (Крај)
извор: Нова Македонија фото: архива