„Гладијаторите“ дома го пречекуваат Металург

„Гладијаторите“ дома го пречекуваат Металург

Охрид, 7. април 2021 (ИНПРЕС) – Охридските ракометари, денеска, во рамки на четвртата рунда од плејофот во Супер лигата на домашен терен го пречекуваат Металург.

„Гладијаторите“ по направените анализи на последните натпревари заклучиле дека одбраната си ја врши својата работа, но нападаот не е на завидно ниво.

– Очекуваме тежок натпревар против Металург. Моментално во плејофот скоро сите екипи се квалитетни, секој со секого има шанса за победа. Овие неколку дена напорно трениравме, доста гледавме видео анализа се подготвувавме. Очекувам добра одбрана, брза полуконтра и да ги сведеме техничките грешки на што помалку за да имаме шанса за победа. Најголема опасност гледаме во нивните крила, вели Мартин Манасков.

Натпреварот е од 15:00 часот, а сите љубители на ракометот и поддржувачи на Охрид натпреварот ќе можат да го проследат на YouTube каналот од РФМ и на телевизија ТВМ. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива