Светски ден на здравјето

Светски ден на здравјето

Скопје/Охрид, 7. април 2021 (InPress) – Република Македонија денеска го одбележува Светскиот ден на здравјето – 7 април.

– Грижете се за себе, бидете здрави и секогаш верувајте дека може да бидете успешни во она што навистина го посакувате, бидејќи здравите граѓани се најголемото богатство што секоја Земја може да го има, потенцираат од ЈЗУ Општа Болница – Охрид.

Специјалната награда од Македонското лекарско друштво (МЛД) годинава ја доби Македонското здружение на инфектолози за секој поединец инфектолог во првите борбени столбови во пандемијата со COVID-19. Проф. д-р Елена Трајковска Докиќ, проф. д-р Сашко Јовев, прим. д-р Гордана Кузмановска и прим. д-р Елизабета Зафировска, пак, се добитници на повелбата „Трифун Пановски“.

– Денеска е 7-ми април, интернационален ден на здравјето. За жал славењето и честитките околу овој наш празник е покриен со мрачниот вел на пандемијата COVID-19 и Македонското лекарско друштво  кое влегува во 76 година на своето постоење мораше да ги модифицира своите задачи и дејности, соопштија од МЛД.

Во 1948 година Светската Здравствена Организација (СЗО) го одржала своето Здравствено собрание, на кое е решено 7-ми април секоја година да се одбележува како ден на здравјето, почнувајќи од 1950 година. Овој ден е датумот кога е основана СЗО и таа пригода се смета за прилика да се привлече меѓународно внимание на здравствените проблеми со кои се соочува Светот и да се подигне јавната свест за здравствените проблеми. (Крај)

извор: InPress фото: архива