Во Охрид денес облачно време со слаби врнежи од снег и температура до 8. степени

Во Охрид денес облачно време со слаби врнежи од снег и температура до 8. степени

Охрид, 8. април 2021 (InPress) – Во Охрид денес претпладне ќе имаме променливо облачно време со слаби врнежи од снег. Во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност.

Максималната температура во Охрид ќе достигне до 8. степени.

– Денеска претпладне на места во југозападните делови се уште ќе има слаби врнежи од снег, а во текот на денот облачноста ќе се намали и ќе дува засилен ветер од северозападен правец. Потоа следува период на стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските до недела на повеќе места ќе бидат негативни и под просекот за овој период од годината, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: InPress