Средношколците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ денеска ќе даруваат крв

Средношколците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ денеска ќе даруваат крв

Охрид, 8. април 2021 (InPress) – Општинската организација на Црвен крст Охрид денеска ќе ја организира редовната крводарителска акција во соработка со ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.

Истата ќе се одржи во просториите на Службата за трансфузиона медицина во Охрид со цел да се обезбедат крвни единици кои се потрeбни во овој период.

– Почитувани средношколци, Ве повикуваме сите заедно да ја покажеме хуманоста на дело, да даруваме крв за оние на кои им е најпотребна. Сите заинтересирани средношколци треба да ги исполнуваат следните услови, а воедно да носат документ за лична идентификација (лична карта/пасош): да се на возраст над 18 години и да се чувствуваат здраво. Придружете ни се, донирајте крв и спасите нечиј живот, информираат од Црвен крст Охрид.

Крводарителската акција, која ќе се спроведе во периодот од 09:00 до 12:00 часот ќе се одржи согласно протоколите за работа во услови на епидемија од COVID-19 и ќе бидат преземени сите потребни заштитни мерки и овозможени услови за безбедно дарување крв на сите крводарители. (Крај)

извор: InPress фото: архива