Опасен тренд се шири во Словенија: Намерно се заразуваат со COVID-19 за да можат да патуваат

Опасен тренд се шири во Словенија: Намерно се заразуваат со COVID-19 за да можат да патуваат

Љубљана, 13. април 2021 (ИНПРЕС) – Опасен тренд се шири во Словенија, бидејќи многу луѓе одлучуваат намерно за да се заразат со коронавирусот наместо да се вакцинираат, соопштија тамошните медиуми.

Епидемиологот Матеја Логар објаснува дека луѓето се одлучуваат на ваков чекор само за да добијат потврда за прележана болест и со таа потврда да можат да патуваат во странство.

Според Логар, станува збор за прилично опасен тренд.

– Некои граѓани на било кој начин сакаат да се заразат со коронавирус со цел полесно да се движат и да патуваат, а поради фактот дека се смета дека лицата кои ја прележале болеста имаат имунитет еднаков на тој кој се стекнува со вакцинација. Тоа е многу опасен тренд кој дефинитивно не го препорачуваме, а токму поради ваквиот тренд можно е да се воведат рестрикции на патувањата – изјави Логар на конференцијата за медиуми. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива