Министерството за култура и Асоцијацијата на архитекти потпишаа Меморандум за соработка

Министерството за култура и Асоцијацијата на архитекти потпишаа Меморандум за соработка

Скопје, 13. април 2021 (ИНПРЕС) – Министерството за култура и Асоцијацијата на архитекти денес потпишаа меморандум за меѓусебна соработка во областа на архитектурата и заштитата на недвижното културно наследство.

Прва активност овозможена со потпишување на овој Меморандум за соработка, како што информираат министерката Ирена Стефоска, претседателот на ААМ, Мишко Ралев и претседателката на Собранието на ААМ, Искра Јанковска-Михајловска е вклучувањето на тим професионални кадри, чија специјалност е заштита на објекти од културно наследство, во  стручното тело при Министерството за поддршка на процесите на Охридскиот регион.

Меморандумот предвидува соработка меѓу Министерството и архитектите во планирање проекти и активности поврзани со архитектурата во областа на  заштитата на недвижното културно наследство, како и давање стручни мислења поврзани со архитектурата во проектите што Министерството ќе ги спроведува за заштитата на културното наследство. (Крај)

извор: Министерство за култура фото: Министерство за култура