Во Охрид денес претпладне сончево време со умерена облачност, попладне наоблачување со услови за дожд кон крајот на денот

Во Охрид денес претпладне сончево време со умерена облачност, попладне наоблачување со услови за дожд кон крајот на денот

Охрид, 16. април 2021 (InPress) – Во Охрид денес претпладне ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголеми. Кон крајот на денот и во текот на ноќта почнувајќи од југозапад ќе има врнежи од дожд. На планините во западните делови ќе врне снег.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 11. степени.

– Под влијание на влажна воздушна маса од денес кон крајот на денот следува период на зголемена облачност со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Најмногу врнежи се очекуваат утре и во понеделник, кога на места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: InPress