Во февруари во Охрид издадени 5, во Струга 27 одобренија за градба

Во февруари во Охрид издадени 5, во Струга 27 одобренија за градба

Охрид, 16. април 2021 (ИНПРЕС) – Во февруари годинава во Охрид биле издадени пет одобренија за градба, објави од Државниот завод за статистика.

Во четири случаи како инвеститор се јавува физичко лице, а во еден правен субјект. Предвидена е градба на 22 станови со вкупна корисна површина од 1.732 м².

Во анализираниот период во Дебрца нема издадени одобренија за градење, додека во Струга се издадени 27 дозволи, од кои 22 на физичко лице и 5 на правно лице. Предвидена е градба на 13 станови со вкупна корисна површина од 2.333 м².

На ниво на Македонија во февруари се издадени 346 одобренија за градење. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 205 се наменети за објекти од високоградба, 31 за објекти од нискоградба и 110 за објекти за реконструкција .Од вкупно 346 објекти, на 214 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 132 објекти инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 907 станови, со вкупна корисна површина од 78.721 м². (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива