Успешно извршена втората трансплантација на срце во Македонија

Успешно извршена втората трансплантација на срце во Македонија

Скопје, 17. април 2021 (InPress) – Доцна синоќа на Клиниката за кардиохирургија заврши втората трансплантација на срце во историјата на Македонија, а беше извршена кај момче во дваесетите години, кое подолго време чекало донор, објави А1он.

Донорот инаку е  20-годишна девојка, која починала во сообраќајна несреќа, а нејзиното семејство, како што претходно изјави министерот за здравство Венко Филипче, се согласило да ги донира нејзините органи.

Инаку првата трансплантација на срце беше извршена во мај минатата година кога донор беше починатата 43-годишна пациентка, Емилија Динева, чие семејство се согласи да го донира срцето, а пациент беше 53 годишниот Иван Огненовски, кој долго време чекаше донор.

May be an image of one or more people and people standing

– Во 3 часот и 33 минути утринава кај 27-годишно момче зачука ново, донирано срце! Ова е втора извршена трансплантација на срце во историјата на државата, на Клиниката за кардиохирургија. Честитки до сите колеги и благодарност до целиот тим кој во текот на целата вечер неуморно работеше! Ова е огромен успех на македонското здравство, кој немаше да биде возможен без согласноста за донирање органи од семејството на младата пациентка која прерано го загуби животот. Горд сум на моите колеги, напиша министерот за здравство д-р Венко Филипче на неговиот профил на Facebook.
May be an image of one or more people and people standing

Трансплантацијата беше извршена од тим на тројца кардиохирурзи под водство на Сашко Јовев од државната кардиохирургија, Жан Митрев од „Жан Митрев Клиника“, и Александар Николиќ од болницата „Аџибадем Систина“. (Крај)

извор: А1он фото: архива