„Гладијаторите“ поразени од Еурофарм Пелистер

„Гладијаторите“ поразени од Еурофарм Пелистер

Охрид, 19. април 2021 (ИНПРЕС) – Ракометарите на Охрид претрпеа пораз од Еурофарм Пелистер 20-24, во седмата рунда од плејофот во Супер лигата.

Најефикасни во нашиот состав беа Тот и Манасков со по шест погодоци, а голманот Брауновиќ прокнижи седум одбрани.

По седум одиграникола, „гладијаторите“имаат две победи, три порази и две ремија. Сега се петти на табелата со осум бодови.

Во следната рунда со која почнува втората фаза од плејофот, ГРК Охрид дома го пречекува скопски Бутел.

Можно е да е слика од 2 луѓе, people playing sports и внатре

Можно е да е слика од 1 лице, стоење и внатре

Пред почетокот на натпреварот Ракометната федерација на Македонија (РФМ) преку својот претставник во СРЦ „Билјанини извори“ му додели посебна благодарница на охридскиот тренер Раде Стојановиќ за особен придонес во развојот на македонскиот ракомет. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ГРК Охрид