Денеска состанок на Комисијата за заразни болести, ќе се одлучува за продолжување на рестриктивните мерки

Денеска состанок на Комисијата за заразни болести, ќе се одлучува за продолжување на рестриктивните мерки

Скопје, 19. април 2021 (ИНПРЕС) – Комисијата за заразни болести денеска на состанок ќе одлучува околу продолжувањето на рестриктивните мерки, со оглед на тоа што утре заврушаат забраните воведени пред две недели.

Министерот Венко Филипче минатата недека потенцира дека основен параметар како и досега ќе биде заштита на јавното здравје, а во таа смисла проценка на епидемиолошката состојба која ќе биде причина мерките да продолжат или да се модифицираат.

Поради зголемениот број на новозаразени од COVID-19, од 6-ти овој месец беше воведен полициски час од 20:00 до 05:00 часот, што претходно почнуваше во 22:00 часот. Покрај тоа се донесе одлука за затворање на кафеаните, рестораните, баровите, клубовите, фитнес центрите. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива