22 прекршоци на забраната за движење, 537 казни за неносење маска

22 прекршоци на забраната за движење, 537 казни за неносење маска

Скопје, 19. април 2021 (ИНПРЕС) – Од 20:00 часот на 18-ти април 2021 до 05:00 часот на 19-ти април 2021 година, констатирано е дека 22 лица не ја почитувале забраната за движење.

Во текот на изминатото деноноќие пак (18-ти/19-ти април 2021 година) на територијата на Република Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 537 прекршоци.

62 прекршувања на забраната за движење, 482 санкции за неносење маска (Видео)

Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на COVID-19. (Крај)

извор: МВР фото: архива