Парични казни за 22 лица од Охрид и 6 од Струга поради неносење заштитни маски

Парични казни за 22 лица од Охрид и 6 од Струга поради неносење заштитни маски

Охрид, 19. април 2021 (InPress) – Според статистичките податоци на МВР, во текот на изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 36 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид 22, Струга 6 и Кичево 8).

– Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест COVID-19. Во овој период, полициски службеници во координација со претставници на Државниот пазарен инспекторат, извршија 18 контроли по угостителски и други објекти (Охрид 12 и Кичево 6), информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива