Полицијата пронајде хероин во домот на 44-годишен стружанец

Полицијата пронајде хероин во домот на 44-годишен стружанец

Струга, 19. април 2021 (InPress) – ОВР Струга, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против 44-годишниот К.М. од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

– При претрес извршен во неговиот дом, полициски службеници пронашле и одзеле хероин и мешавина од марихуана со тутун, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива