Претставници на НУК на средба со „Охридски еснаф“ за условите за воведување на сертификатот Clean&Safe во угостителските објекти

Претставници на НУК на средба со „Охридски еснаф“ за условите за воведување на сертификатот Clean&Safe во угостителските објекти

Охрид, 19. април 2021 (ИНПРЕС) – Претседателот на Независната угостителска комора, Здравко Јосифовски денес во Охрид е на средба со првиот човек на здружението „Охридски еснаф“, Михаил Мишев и членките на комората и здружението.

На средбата ќе бидат диксутирани правилата и начините на издавањето на првиот национален македонски сертификат и печат Clean&Safe (Чисто и безбедно), како и обврските и одговорностите кои произлегуваат од добивањето на меѓународниот сертификат и Safe Travels, за кој Независната угостителска комора доби од Министерството за економија овластување за издавање на истиот.

По примерот на европските и соседните балкански земји, воведувањето на еден ваков единствен препознатлив македонски сертификат односно печат, глобално прифатен и признаен кој е прикажан во понудите, рекламните материјали, социјалните профили и во самиот угостителски објект, нуди сигурност не само на домашните туку и на странските туристи, кои би се здобиле со зголемена доверба и би се осмелиле да резервираат патувања за себе и своето семејство во сигурни објекти, каде ќе им биде овозможен чист и безбеден одмор.

IHC to issue 'Clean & Safe' certificates to hospitality facilities that fully comply with protection guidelines – МИА

Сертификатот Clean&Safe им овозможува на угостителите кои ги исполнуваат стандардите за добивање да поседуваат алатка која ќе ги класифицира како сигурни угостителски објекти за сите туристички активности, нудејки гаранција за домашните и странските туристи кои го одбрале тој објект и таа дестинација за својот престој или годишен одмор. Сертификатот осигурува почитување и исполнување на неопходна здравствена заштита и хигиена за вработените во угостителските објекти, со што почитувањето на сите правила за сигурно завршување на работните обврски води кон дополнително намалување на ризикот од ширење и зараза со вирусот COVID-19 на вработените и на гостите.

Со сертифицирањето и добивањето печат Clean&Safe не се прават нови стандарди или се воведуваат нови мерки за секторите хотелиерство и угостителство во угостителската индустрија, туку се проверуваат, усогласуваат и подигнуваат нашите стандарди, препораки и протоколи на ниво со Европските и соседните Балкански земји и СЗО со што на овој начин се допринесува да се поврати довербата и сигурноста во посетата на овие објекти кај нашите гости и странските туристи. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива