Горивата поскапуваат за половина денар

Горивата поскапуваат за половина денар

Скопје/Охрид, 19. април 2021 (ИНПРЕС) – За половина денар поскапуваат Еуросупер БС-95, Еуродизелот и Екстра лесното масло за домаќинство, а цената на Еуросупер БС-98 останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. 

Цената на Еуросупер БС-98 останува 69 денари. Се зголемува и малопродажната цена на мазутот.

Новите цени на нафтените деривати ќе важат од полноќ.

  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 67,50 денари/литар
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 69 денари/литар
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 58,50 денари/литар
  • Масло за горење – Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 58 денари/литар
  • Мазут М-1 НС – 34,992 денари/килограм. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива