За среда е закажана 58-та седница на градскиот совет

За среда е закажана 58-та седница на градскиот совет

Охрид, 22. април 2021 (ИНПРЕС) – За среда, 28-ми април е закажана 58-та седница на Советот на општина Охрид.

Седницата ќе се одржи во големата општинска сала од 11:00 часот. Пред советниците е обемен дневен ред од 73 точки.

Ќе расправаат за повеќе предлог одлуки, за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Охрид за 2021 година, за донесување Правилник за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Охрид за субвенционирање на даватели на услуги во сместувачки капацитети од мал обем, даватели на услуги во селски туризам и на угостителски услуги во селски домаќинства на општина Охрид, како и за субвенционирање на туристички водичи.

Советниците ќе треба да се произнесат по одлуката за усвојување на Решението за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈП „Водовод“ Охрид за регулиран период 2021-2023 година, донесено од Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги, а ќе ја разгледаат и одлуката за изменување и дополнување на годишниот план за вработување за оваа година во неколку јавни претпријатија.

Советниците ќе расправаат и за планот за запишување на ученици во прва година во четирите средношколски центри во Охрид, како и предлог – одлука за давање донација на здружението ЕКО ФАП од Охрид.

Целиот дневен ред може да го прочитате ТУКА. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ОхридПрес