„Гладијаторите“ денеска дома го пречекуваат Бутел

„Гладијаторите“ денеска дома го пречекуваат Бутел

Охрид, 24. април 2021 (InPress) – Ракометарите на Охрид денес ги продолжуваат напреварите во Супер лигата.

На стартот на втората фаза од плејофот, во осмата рунда „гладијаторите“ дома го пречекуваат скопски Бутел. Со оглед на тоа што салата „Билјанини извори“ е претворена во пункт за вакцинација, натпреварот ќе се одигра во салата „Тодор Александров“ во Велгошти, од 14:00 часот.

По седум одиграни кола, „гладијаторите“ се петти на табелата со осум бодови. (Крај)

извор: InPress фото: архива