35 години од нуклеарната катастрофа во Чернобил

35 години од нуклеарната катастрофа во Чернобил

Киев, 26. април 2021 (InPress) – Во Украина денеска се одбележува 35-годишнината од нуклеарната катастрофа во Чернобил, до која дојде по експлозијата на реакторот на централата.

Тешкото оштетување на реакторот предизвика ослободување на облак од радиоактивни материјали кој се рашири низ делови од Украина и Русија, а потоа и низ Белорусија и северниот дел од Европа.

Одблежувањата се започнати од претходниот ден, со комеморација во градот Славутич, изграден за да се населат работниците од НЕЦ „Чернобил“, кои по несреќата не можеа и натаму да останат и да живеат во близината на оштетената централа. (Крај)

извор: InPress фото: архива