Тројца атлетичари од АК „Охрид“ ќе учествуваат на митинг во Бар

Тројца атлетичари од АК „Охрид“ ќе учествуваат на митинг во Бар

Охрид/Бар, 28. април 2021 (ИНПРЕС) – Тројца атлетичари од АК „Охрид“ како дел од македонската репрезентација ќе учествуваат на традиционалниот меѓународен атлетски митинг „Бар 2021“, во Црна Гора.

Јован Стојоски, Марија Јованоска и Блажо Љушев веќе се во Бар на подготовки за настапот на 1-ви мај. Стојоски ќе се натпреварува во дисциплината 400 метри, Јованоска на 100 метри, а Љушев на 100 метри и скок во далечина.

Можно е да е слика од надвор

Подготовките и учеството на маратонот ќе придонесат за подобрување на формата на спортистите за претстојното Европско првенства во рлачки дисциплини, закажано за 8-ми и 9-ти мај во Сплит, Хрватска, како и Европското екипно првенство, што ќе се одржи на 19-ти и 20-ти јуни во Лимасол, Кипар. (Крај)

извор: ИнПрес фото: АФМ