Охриѓанецот Кристијан Танески со само 15 години создава музика, неговиот најнов сингл е „Vegas“ (Видео)

Охриѓанецот Кристијан Танески со само 15 години создава музика, неговиот најнов сингл е „Vegas“ (Видео)

Охрид, 28. април 2021 (InPress) – „Vegas“ е најновата песна на 15-годишниот музичар од Охрид Кристијан Танески.

– Кога имав 13 години за прв пат се сретнав со Hip-Hop културата, по што почнав да пишувам текстови и да рапувам. После 1 година, собрав храброст да ја објавам својата прва песна за која добив премногу поддршка од публиката. Од тогаш до денес постојано работам. Текстовите ги пишувам сам, додека матриците се изработени од страна на странски продуценти. Вокалите се снимани и обработени во студиото на Стефан Николоски – SN, а спотот го снимаа Александар Велјаноски и Марио Јовановски. Исто така сакам да напоменам дека спотовите ги монтирам и режирам сам, вели Кристијан.

Супер радио и OhridPress постојано ги поддржуваат младите таленти во сите области, па во таа насока, слушнете ја „Vegas“ на охриѓанецот Кристијан Танески.

извор: InPress фото: архива