Можни повремени застои во сообраќајот на улицата „15-ти корпус“

Можни повремени застои во сообраќајот на улицата „15-ти корпус“

Охрид, 29. април 2021 (ИНПРЕС) – Поради изведување на градежни активности на улицата „15-ти корпус“ денеска ќе има отежнат тек на сообраќајот, а можни се и повремени застои, информираат од општина Охрид.

Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат според соодветната сигнализација со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот. Се препорачува, доколку е можно и да се избегне овој дел за сообраќај додека траат градежните активности. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива