Опожарено возило на патот Охрид-Струга

Опожарено возило на патот Охрид-Струга

Охрид, 29. април 2021 (ИНПРЕС) – На 28-ми април околу 09:00 часот, во СВР Охрид пријавен е пожар во патничко возило во движење на магистралниот пат Охрид-Струга.

– Од извршениот увид, констатирано е дека, опожарено е возило „Пежо” со охридски регистарски ознаки управувано од Н.Б.(41) од струшкото село Биџево и дека нема повредни лица. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Охрид, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива