Парични казни за 16 лица од Охрид и 4 од Струга поради неносење заштитни маски

Парични казни за 16 лица од Охрид и 4 од Струга поради неносење заштитни маски

Охрид, 29. април 2021 (InPress) – Според статистичките податоци на МВР, во текот на изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 34 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид 16, Струга 4 и Кичево 14).

– Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест COVID-19. Во овој период, во координација со Државниот пазарен инспекторат, во Кичево извршени се 25 контроли по угостителски и други објекти, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива