Д-р Балески: Ако продолжи намалувањето на хоспитализации, ковид одделенијата ќе се вратат во нормална патологија

Д-р Балески: Ако продолжи намалувањето на хоспитализации, ковид одделенијата ќе се вратат во нормална патологија

Охрид, 4. мај 2021 (ИНПРЕС) – Стабилна е состојбата во охридската Општа болница, има намалување на бројот на хоспитализации, како и на амбулантски прегледи и потрошувачката на кислород, вели директорот д-р Горан Балески.

Моментално се хоспитализирани 70 пациенти, од кои 40-на на кислородна поддршка. Најмладиот пациент има околу 50 години, највозрасниот 85 години.

Д-р Балески потенцира дека ако продолжи ваквиот тренд болницата ќе почне да се врати на нормално работење, односно одделенијата што беа претворени во ковид центри ќе се вратат во нормална патологија.

Во Охрид моментално има 453 активни случаи на COVID-19, а од денеска започна и масовната имунизација во регионалниот вакцинален пункт во спортската сала „Билјанини извори“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес