Владата денеска одлучува, полицискиот час да започнува од 23:00, отворените тераси да работат до 22:30 часот

Владата денеска одлучува, полицискиот час да започнува од 23:00, отворените тераси да работат до 22:30 часот

Скопје, 4. мај 2021 (InPress) – Владата на Република Македонија на денешната седница ќе одлучува дали ќе го усвои предлогот за измена на рестриктивни мерки.

Новиот предлог од Комисијата за заразни болести кој беше усвоен и од Главниот кризен штаб се однесува на намалување на полицискиот час. Се предлага полицискиот час да започнува од 23:00 часот и да трае до 05:00 часот наредниот ден.

Според истиот предлог, угостителските објекти во отворениот дел од (летни тераси, градини, а не во затворениот дел) ќе можат да работат до 22:30 часот.

Доколку мерките се усвојат, истите ќе важат од среда, 5-ти мај. (Крај)

извор: InPress фото: InPress