Волонтерите на Црвен Крст избркани од салата „Билјанини извори“ во Охрид каде се спроведува вакцинацијата

Волонтерите на Црвен Крст избркани од салата „Билјанини извори“ во Охрид каде се спроведува вакцинацијата

Охрид, 4. мај 2021 (InPress) – Од охридскиот Црвен крст информираат дека утринава биле избркани нивните волонтери кои биле претходно повикани да помагаат во процесот на вакцинација кој започна денес во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид.

– Со жалење и неверување Ве известуваме дека денес, 04.05.2021 година, во 08:00 часот екипата на Црвен крст Охрид која на барање на Директорката на Здравствен дом Охрид беше повикана да помага во процесот на масовна вакцинација во спортската сала Билјанини извори, беше грубо избркана од страна на Сашо Денесовски, т.н. координатор на спроведување на масовната вакцинација во Охрид. За жал и овој пат личните комплекси и фрустрации на една личност победуваат пред потребите за асистенција и помош на лицата кои се вакцинираат и на олеснување на административната работата на оние кои се вклучени да го спроведуват вакциналниот процес, што е активност на волонтерите на Црвениот крст во сите земји во светот каде се спроведува масовна вакцинација против Ковид-19. Нашите волонтери остануваат подготвени доколку има потреба да продолжат во помагање и олеснување на процесот на вакцинација против Ковид-19 на вакциналниот пункт на Здравствен дом Охрид во Општата болница Охрид, информираат од Црвен крст Охрид. (Крај)

извор: InPress фото: Црвен крст Охрид