53 прекршувања на забраната за движење, 384 казни за неносење маска

53 прекршувања на забраната за движење, 384 казни за неносење маска

Скопје, 4. мај 2021 (InPress) – Од 21:00 часот на 3-ти мај 2021 до 05:00 часот на 4-ти мај 2021 година, констатирано е дека 53 лица не ја почитувале забраната за движење.

Во текот на изминатото деноноќие пак (3-ти мај/4-ти мај 2021 година) на територијата на Република Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 384 прекршоци.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на COVID-19. (Крај)

извор: МВР фото: архива