Кривична пријава за охриѓанец кој се движел без дозвола за време на полициски час

Кривична пријава за охриѓанец кој се движел без дозвола за време на полициски час

Охрид, 5. мај 2021 (InPress) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 64-годишниот М.Ј. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување спрема здравствени прописи за време на епидемија“.

– При контрола извршена на 22-ри април 2021 година, полициските службеници го затекнале пријавениот во време на полициски час при што, утврдиле дека нема дозвола за движење со што, ја прекршил забраната за движење на населението во времето од 20:00 до 05:00 часот, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива