„Генералка викенд“ во Охрид

„Генералка викенд“ во Охрид

Охрид, 6. мај 2021 (ИНПРЕС) – Во организација на компанијата „Man And Mountain“, а со поддршка на Министерството за животна средина и „Пакомак“ Скопје в сабота, 8-ми мај со почеток во 08:00 часот, ќе се одржи „Генералка викенд“, во повеќе општини во државата.

Во акцијата се вклучува и делегацијата на Европската Унија со нивната иницијатива „За чисто како и дома исто“.

Целта на акцијата е подигнување на еколошката свест за одговорност кон природата и за секои 10 килограми собран отпад да се засади по едно дрво.

Општина Охрид и Ј.П „Охридски Комуналец“ Охрид, се приклучуваат на акцијата со чистење на плажите Грашница, Горица и Св. Стефан како и плажата пред село Пештани. Во акцијата ќе земат учество и здруженијата „Брег на младоста“ и „Чист Охрид“.

Акцијата ќе се организира во согласност со протоколите за COVID-19, односно задолжително носењето заштитни маски и држење физичка дистанца.

Општина Охрид ги повикува сите заинтересирани граѓани да земат учество во акцијата. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: архива