ЛИДЛ влегува во Македонија, првата продавница ќе се отвори во Охрид?

ЛИДЛ влегува во Македонија, првата продавница ќе се отвори во Охрид?

Скопје/Охрид, 7. мај 2021 (InPress) – По влегувањето во Словенија, Хрватска и Србија, германскиот трговски синџир ЛИДЛ ќе го отвори својот прв супермаркет и во Македонија, објави специјализираниот портал „Јуропеан Супермаркет Магазин” (ЕСМ), со седиште во ирскиот главен град Даблин.

Според ЕСМ, германската компанија минатиот месец регистрирала своја подружница во земјава, која ќе биде под надлежност на бугарскиот огранок на ЛИДЛ.

Неофицијално, ЛИДЛ ќе стартува со една продавница и тоа во туристичкиот центар Охрид, а веќе се дискутира и за конкретна локација кај новата автобуска станица.

Според порталот, интересот на компанијата за отворање супермаркет во земјава следи откако неговата продавница отворена во јануари во Врање, привлече голем број купувачи од Македонија, но и од Косово. (Крај)

извор: Вечер фото: архива