Во ковид центарот во Охрид се хоспитализирани 60 пациенти

Во ковид центарот во Охрид се хоспитализирани 60 пациенти

Скопје/Охрид, 7. мај 2021 (ИНПРЕС) – Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 499 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

Вкупно 384 лица сомнителни и потврдени за COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 57 пациенти позитивни и суспектни на ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 58 болни, а во Куманово 63 пациенти позитивни и суспектни на COVID- 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 45, во ковид центарот во Гостивар 14, а во Струга 14 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 53 пациенти, во Кочани 20 во Кичево 15, Кавадарци 24, а во Гевгелија 6 лица позитивни и суспектни на коронавирусот.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 883 и има околу 847 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 34 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 7 приеми.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 332 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: ИнПрес