Рестораните за свадби би можеле да отворат од крајот на мај, сé ќе зависи од епидемиолошката состојба

Рестораните за свадби би можеле да отворат од крајот на мај, сé ќе зависи од епидемиолошката состојба

Скопје, 7. мај 2021 (ИНПРЕС) – Како што најави и претходно, министерот за економија Крешник Бектеши и денеска повтори дека угостителските објекти за свадби и прослави најверојатно ќе може да работат од крајот на мај.

Потенцира дека одлуката ќе се носи согласно препораките на Комисијата за заштита од заразни болести базирани на епидемиолошката состојба и бројката на новозаразени.

– Јас кажав дека рестораните за свадби најверојатно ќе почнат да работат од крајот на мај, а одлука ќе се донесе заедно со Комисијата за заразни болести, согласно епидемиолошката состојба. Гледате веќе секоја недела носиме полабави мерки, изјави Бектеши.

Нема достапен опис

Во однос на недела неработен ден, трговските центри и поединци ќе работат во недела, а дополнително ќе треба да платат 100% поголема дневница, а два отсто од остварениот приход ќе треба да го уплатат во државната каса.

–  Само да бидам појасен, бидејќи по медиумите видов дека угостителските објекти во недела ќе работат само една смена, тоа не е точно. Ова е предвидено во Законот за угостителска дејност, значи ќе работат согласно постоечките законски одредби, а таму не се предвидени измени со „недела неработен ден“, додаде Бектеши.

За оние кои нема да ги почитуваат законските обврски, ќе следат санкции според Законот за работни односи, а дополнително и Државниот пазарен инспекторат ќе може да врши контрола во исплатата на дневници, а не како досега само Инспекторатот за труд. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива