Древниот Охрид и годинава достојно ќе ги чествува сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

Древниот Охрид и годинава достојно ќе ги чествува сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

Охрид, 21. мај 2021 (InPress) – И оваа година древниот Охрид, лулката на словенската писменост, достојно ќе ги чествува нашите духовни татковци, сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

Во понеделник, на 24-ти мај 2021 година е предвидено полагање на свежо цвеќе пред споменикот на Св. Кирил и Методиј во градскиот парк во 16:30 часот, по што од 17:00 часот е закажана културна програма во црквата „Св. Софија“.

24-ти мај – Ден на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

24-ти мај, се прославува како Ден на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, браќа родени во Солун во IX век, кои станале мисионери на христијанството помеѓу Словените од Голема Моравија и Панонија. Преку нивната работа тие влијаеле врз културниот развој на сите Словени, поради што ја добиле титулата Апостоли на Словените. Тие се заслужни за изумување на глаголицата, првата азбука искористена да се препише старословенскиот јазик. (Крај)

извор: InPress фото: InPress