Полицијата пронајде рибарски мрежи со нелегален улов во Охридското Езеро кај селото Радожда

Полицијата пронајде рибарски мрежи со нелегален улов во Охридското Езеро кај селото Радожда

Струга, 25. мај 2021 (InPress) – Во периодот од 21:00 часот на 24-ти мај до 02:00 часот на 25-ти мај 2021 година, полициски службеници од СВР Охрид при вршење редовна контрола, на 30 метри од брег на плажа во Струга пронашле рибарски мрежи со улов на риба.

– Риболовниот алат и рибата биле подигнати и однесени во Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“. Се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива