Песни од Балашевиќ влегуваат во учебниците за основно образование во Србија

Песни од Балашевиќ влегуваат во учебниците за основно образование во Србија

Нови Сад, 26. мај 2021 (ИНПРЕС) – Три песни од неодамна починатиот Ѓорѓе Балашевиќ ќе бидат вклучени во српските учебници за основно образование, објавија медиумите во Србија.

Професорката Ивана Лучиќ од едно основно училиште во Нови Сад изјави дека Балашевиќ е важен затоа што е разновиден. Такви се, како што објасни, и трите песни што влегуваат во учебниците: „Девојка са чардаш ногама“ – весела, оптимистичка песна, потоа „Д-мол“ – тажна љубовна песна, а за осмоодделенците – „Дрвена песна“ за еден момчешки сон

Според професорката Лучиќ, овие песни не се многу лесни за разбирање и не се едноставни.

– Затоа, тие песни се прекрасна основа за наставниците да ги анализираат заедно со учениците, да наоѓаат стилски фигури, скриено значење и оние пренесени значења, вели наставничката. (Крај)

извор: 360 степени фото: архива