Кривични за две лица од Велестово поради „бесправно градење“ и „симнување или оштетување на службен печат или знак“

Кривични за две лица од Велестово поради „бесправно градење“ и „симнување или оштетување на службен печат или знак“

Охрид, 26. мај 2021 (InPress) – Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „симнување или оштетување на службен печат или знак“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 57-годишниот Г.Б. и една година постариот В.Б., двајцата од охридското село Велестово.

– Пријавените во текот на 2021 година на катарстарска парцела во селото, без дозвола и одобрение од надлежен орган, започнале градба на станбен објект. По извршениот инспекциски надзор, овластен градежен инспектор донел решение за отстранување на градбата, а на градилиштето поставил службена лента за негово затворање. Пријавените, неовластено и незаконски ја отстраниле лентата по што, продолжиле со градежните активности, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива