Охриѓани ја победија Струга, „езерското“ дерби во знакот на Џамбо

Охриѓани ја победија Струга, „езерското“ дерби во знакот на Џамбо

Охрид, 2. јуни 2021 (ИНПРЕС) – Со победа 21-20 охридските ракометари го завршија „езерското“ дерби, што помина во знакот на голманот Никола Даниловски кој трагично почина во саботата.

Најефикасни во нашиот состав беа Николов со пет погодоци и Соколов со четири, а на висина на задачата беше и чуварот на мрежата Брауновиќ.

Со ова „гладијаторите“ ги завршија натпреварите на домашен терен сезеонава. Во наредното, последно, коло гостуваат кај битлски Еурофарм Пелистер. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ГРК Охрид