Ќе ја добие ли Рамиз Мерко довербата од ДУИ за нов мандат? Партиски извори велат не!

Ќе ја добие ли Рамиз Мерко довербата од ДУИ за нов мандат? Партиски извори велат не!

Скопје/Струга, 3. јуни 2021 (InPress) – Демократската Унија за интеграција (ДУИ) започна да избира кандидати за градоначалници за престојните локални избори.

Според првичните информации, најголемата албанска владејачка партија ќе истрча со актуелните кандидати за градоначалници во речиси сите рурални општини со кои раководи изминативе години. а неизвесно може да биде само во Чаир и Струга.

Добро упатени извори за Фокус додаваат дека партиското раководство сака да номинира друг кандидат за градоначалник на Струга на местото на Рамиз Мерко, кој во неколку наврати дојде во конфликт со Владата, а во една прилика и премиерот Зоран Заев изрази каење што партијата го поддржала. Со оглед дека ДУИ и СДСМ речиси сигурно ќе настапат со здружени сили на изборите, малку веројатно е Мерко да добие поддршка за уште еден мандат. (Крај)

извор: Фокус фото: архива