Каролина Гочева ја објави новата песна „Идила“ со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски (Видео)

Каролина Гочева ја објави новата песна „Идила“ со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски (Видео)

Скопје, 3. јуни 2021 (InPress) – Една од најпопуларните македонски пејачки, Каролина Гочева синоќа за прв пат на својот Facebook профил ја објави новата песна „Идила“.

Станува збор за првата од единаесетте песни, кои ќе бидат преработки на стари хитови на едни од најубавите подзаборавени композиции, чии оригинални автори се најпознатите и најзначајни имиња во македонската забавна и џез-музика: Драган Ѓаконовски- Шпато, Љубомир Бранѓолица, Димитар Масевски, Тодор Бојаџиев и др. Песните ќе бидат дел од нејзиниот нов албум, кој се очекува да биде објавен во септември.

Композитор на песната „Идила“ е Драган Ѓаконовски- Шпато, пијано и аранжман Дуке Бојаџиев, а на кларинет е Исмаил Лумановски. (Крај)

извор: InPress фото: архива