ГРК Охрид поразен од Еурофарм Пелистер, „црвено-црните“ ја одбранија шампионската титула

ГРК Охрид поразен од Еурофарм Пелистер, „црвено-црните“ ја одбранија шампионската титула

Охрид, 3. јуни 2021 (ИНПРЕС) – Охридските ракометари вчера беа поразени во Битола од екипата на Еурофарм Пелистер, со 30-14 во 14-то коло од суперлигашјиот плејоф.

Четири погодоци постигна Тот, Манасков и Иваноски по три, а по еден Андоновски, Соколов, Младеновиќ и Шулески.

Со ова се заокружени натпреварите во ракометната Супер лига сезонава. Еурофарм Пелистер и покрај победата над Охрид остана на втората позиција, поради послабио меѓусебен скор со Вардар во плеј-офот. „Црвено-црните“ ја одбранија шампионската титула, по победата над Металург, а „гладијаторите“ завршија шести со 15 бодови. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива