Гужва на „Табановце“, околу 800 македонски државјани заминаа на вакцинација во Врање, Србија

Гужва на „Табановце“, околу 800 македонски државјани заминаа на вакцинација во Врање, Србија

Скопје, 5. јуни 2021 (InPress) – Во организација на Српскиот културно информативен центар Спона денеска и утре околу 800 македонски државјани ќе бидат вакцинирани против COVID-19 во здравствениот центар во Врање, соопштија од Спона.

Од таму информираат дека исто како и за претходните групи и за оваа имунизацијата е во координација меѓу центарот Спона, Кабинетот на претседателот на Србија Александар Вучиќ и министерството за здравство на Србија.

Досега околу 15.000 македонски државјани се вакцинираа во Србија. Оние кои примиле прва доза во соседната земја може да примат втора во Македонија, освен, според одлуката на македонските здравствени власти, оние кои примиле АстраЗенека, а се помлади од 60 години.

Србија во неколку наврати и донираше вакцини на Македонија. Во знак на благодарност македонската влада донесе одлука српските државјани кои транзитираат низ Македонија да бидат ослободени од плаќање патарина. (Крај)

извор: slobodnaevropa.mk фото: Фокус