Денис Тот ги напушти „гладијаторите“, потпиша за скопски Бутел

Денис Тот ги напушти „гладијаторите“, потпиша за скопски Бутел

Скопје, 7. јуни 2021 (ИНПРЕС) – Хрватскиот интернационалец Денис Тот го напушти ГРК Охрид.

По две сезони поминати во Охрид, 27 годишниот десен бек одлучи да ја промени средината и потпиша договор на една сезона со РК Бутел од Скопје.

Можно е да е слика од 1 лице и стоење

Добрите услови, амбициите на клубот беа пресудни да ја прифатам понудата на Бутел Скопје. Се надевам на успешна соработка и добри резултати. Следната сезона посакувам да се најдеме на врвот во македонската Супер лига. Прво да избориме плејоф, па потоа да се бориме и за место во Европа. Веќе сум две години во Македонија, брзо се навикнав и на Супер лигата, бидејќи според мене е најинтересна лига на Балканот – има многу силни клубови, тешки натпревари и непредведливи резултати, вели Тот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива