„Хоризонт“ е новиот сингл на бендот Lilit на охриѓанката Емилија Колоска (Видео)

„Хоризонт“ е новиот сингл на бендот Lilit на охриѓанката Емилија Колоска (Видео)

Охрид, 7. јуни 2021 (InPress) – По јануарската „Миризлива градина“, бендот Lilit во кој членува и охриѓанката Емилија Колоска се повторно актуелни со новиот сингл наречен „Хоризонт“.

– Звуци од нашата вселена. „Хоризонт“ е конечно тука. Овој пат во главна улога, момците од Lilit во фазонот кој најдобро го владеат. Пушти мисли, преслушај, сподели, напиша Емилија на нејзиниот профил на Facebook.

Покрај Емилија, дел од бендот Lilit се и Трајко Симоновски, Иван Петровски и Филип Димишковски.

Како режисер на спотор се појавува Тоше Јанев, а видео монтажата е на Трајко Симоновски. (Крај)

извор: InPress фото: архива