Скопје, 2. јуни 2025 (ИНПРЕС) – Меѓународниот аеродром Скопје од вчера е поврзан со уште три градови во Турција.
Авиокомпанијата АJet изминатиов викенд почна да лета до Анкара, Чукурова, Дијарбакир, три нови дестинации за одмор, соопшти аеродромскиот оператор ТАВ Македонија.
Сезонските летови од Скопје до Анкара и до Дијарбакир ќе се одвиваат еднаш неделно, додека летовите на AJet до аеродромот Чукурова два пати неделно, а до сите три дестинации ќе се лета од први јуни до крајот на септември година.
– Спојот на двата главни града, Скопје и Анкара, ќе придонесе за зголемена трговска размена, брза бизнис логистика меѓу Македонија и Турција, лесен пристап до турскиот пазар, бизнис-мобилност, туристичка и културна размена, образовна и академска соработка, поврзување на заедниците, а ќе придонесе и за дополнително унапредување на политичките и дипломатските односи, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.
Воспоставувањето на авиоконекцијата на Скопје со Чукурова и Дијарбакир пак, ќе донесат значајни стратешки, економски, туристички и културни бенефити за земјава, велат од ТАВ Македонија.
Со новите три дестинации, авиокомпанијата АJet од Меѓународниот аеродром Скопје ќе има вкупно 4 дестинации, вклучувајќи ја и веќе постоечката линија до Истанбул, до аеродромот Сабиха Ѓокчен.
Во тековната летната сезона 2025, вкупно четири авиокомпании летаат меѓу Турција и Македонија, до вкупно 6 града и 7 аеродроми во Турција. Од Меѓународниот аеродром Скопје и од аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид Turkish Airlines лета до Истанбул (IGA аеродром); Pegasus Airlines лета од скопскиот аеродром до Истанбул (аеродром Сабиха Ѓокчен), Измир и Анталија, Ајет исто така лета од Скопје до Истанбул (аеродром Сабиха Ѓокчен), додека Sun Express лета од Скопје до Анталија и Измир. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
