Атина, 7. јули 2015 (ИНПРЕС) – Банките во Грција нема да работат уште најмалку два дена, пренесе Euronews.
Претходно излезе информација дека банките во оваа балканска земја ќе ги отворат вратите денес , но по преговорите во понеделникот Грчката банкарска асоцијација изјави дека нема можност за прекрасна работа.
Министерот за економија, Јоргос Статакис, изјави дека Европската централна банка треба да им помогне на банките во Грција да издржат уште меѓу 7 и 10 дена, за да може Владата на земјата да се договори со доверителите. (Крај)
извор: Euronews фото: архива







